Кралицата Елизабета бара готвач - сака јадења подготвени по највисоки стандарди, а ова е платата

Британското кралско семејство бара нов готвач, кој би се придружил на нивното домаќинство, стои во огласот на Бакингемската плата.

Работното место би му било во палатата, а од него се бара да прави храна според највисоките стандарди, Иако не е јасно наведено за кој член од кралското семејство готвачот би работел, се верува дека неговите задолженија ќе се однесуваат на целото семејство, затоа што во описот на работата стои дека би патувал и во другите кралски резиденции.

Платата изнесува помалку од 24.500 евра годишно, а од кандидатот се очекува да подготвува разноразни менија за широк спектар на случувања, да работи со квалитетни состојки и да се придружи на тим професионалци.

Во огласот на Бакингамската палата стои: „За да очекувате, стандардите овде се исклучително високи, така што мора да бидете амбициозен и квалифкуван готвач. Можеби имате претходно искуство, но вашата способност и ентузијазам ни се пресудни за да ни пружите услуги во сите сегменти на кујната. Најдобро работете во тим, а со својата вештина и прилагодливост, ќе уживате со своите колеги. Важно е да посветите внимание на деталите, рокови и да обезбедите храната да се достави на време“.

Крајниот рок за пријава е 28. јули и тоа пет минути пред полноќ.

Поранешниот шеф на кујната која во палатата работел 15 години, открил и дека кралицата патуа со претходно спакувана храна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега