Долгогодишниот проблем со пристапот до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје конечно влегува во фаза на решавање. Владата вчера одлучи паркингот во комплексот клиники да се запише како државно земјиште, со што се отвора патот за официјален договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

Оваа правна промена ќе овозможи воведување на современ систем кој ќе вклучува комплетен видео мониторинг, информативни табли и дигитален водич за граѓаните.

„Целта е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап. Со оваа модернизација ќе се воспостави ред и значително ќе се зголемат капацитетите за паркирање“, појаснува министерот Алиу. Новиот систем треба да го елиминира метежот кој често ги блокираше дури и амбулантните возила на влезот во најголемиот здравствен комплекс во земјава.

Exit mobile version