Краделе икони од манастир сред бел ден: Полицијата работи на расчистување на случајот

МВР информира дека дошло до грабеж на манастир во Катланово.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека со употреба на сила било влезено во манастирот „Св.Илија“ во с.Катланово, скопско и биле одземени икони.


Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

12.05.2022 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега