На 10.07.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода У.Ф.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети.
При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство.
У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


