Крадец ограбил спостар маж во Струга – побарал да му покаже како изгледаат евра и му ги грабнал

Педесет и шестгодишен стружанец украл 8.500 евра од старец во Струга.

Според информациите на МВР, осмничениот Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа, во текот на јули во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра.

Старецот извадил од џебот 8.500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.

Против него е поднесена пријава за тешка кражба на дрзок начин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега