Крадци ограбиле обложувалница во Скопје - Се заканиле на вработените и ги украле парите од дневниот промет

Вчеравечер, околу 9 часот, во Скопје била ограбена обложувалница. Крадците се заканиле на вработените и го украле дневниот промет. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

„На 16.12.2021 во 20.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на бул.„Јане Сандански“ две лица со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.  

17.12.2021 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа