Ковид- катастрофа во Индија: Рекорден број на починати во еден ден- лекарите велат дека бројот е многу поголем

Индија објави дека рекорден број луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати достигна четвртина милион, додека водечки вируолог рече дека е рано да се каже дали инфекцијата со коронавирусот го достигнала врвот.

Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми за 4205, додека дневниот број на заразени се зголеми за 348.421, а вкупниот број на случаи регистрирани во Индија надмина 23 милиони, објави министерството за здравство.

Експертите сметаат дека официјалните податоци во голема мера го потценуваат реалното ниво на влијание на пандемијата со коронавирус и дека реалниот број на смртни случаи и заразени можеби е пет пати поголем.

„Прерано е да се каже дали сме достигнале кулминација“. Постојат некои индикации дека бројката со новозаразени се стабилизира. Но, не смееме да заборавиме дека ова е многу високо ниво на заразени со коронавирус. Изгледа дека застанавме на околу 400.000 случаи на ден “ вели официјално лице од министерството за здравство.

Според анализите на светските агенции, медицинскиот персонал е исцрпен а болниците се пред колапс, како и мртовечниците и крематориумите. Залихи на лекови и медицински кислород речиси и да нема, пишуваат агенциите.

Жестокиот втор бран на заразата со Ковид-19 се прошири од градовите во малите градови и селата, уништувајќи го слабиот здравствен систем кој е недоволно опремен за кризи од вакви размери.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега