Ковид-19 донесе двонеделен мир во Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во борба против проиранското движење на Хутите во Јемен денеска најави двонеделен прекин на огнот во таа држава.

Примирјето би требало да почне во четврток на пладне.

Оваа одлука е донесена по апелот на специјалниот претставник на Обединетите нации, Мартин Грифитс, а примирјето би можело и да се продолжи.

Ова доаѓа откако ОН и западните сојузници посочија дека е неопходно да прекине судирот поради опасност од епидемија на коронавирусот во ова воено подрачје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега