Ковачки за најновите дојави на бомби: Над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДРаган Ковачки преку статус на Фејсбук пишува дека над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира.

-Пак дојави со бомби во средните училишта во Скопје.

Македонијо на какво дереџе те дотераа.

Над месец дена некој се исмева со цел безбедносен систем и никој не реагира.

Спасовски си тераше турнеја низ Европа и си се фокусира на партиските обврски, Виктор Димовски со паметот е во Париз, а учениците повторно губат настава.

Секако, министерот за образование не е засегнат со овие состојби. Тој се’ уште е фокусиран на набавката на учебници.

А Ковачевски, премиерот, тој не е оттука. Се спрема за премиер од 2024 година.

Оставка неспособни!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

01.12.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега