Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ изготви законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска оддаде почит на загинатите бранители од 2001 година.

Пратеникот Драган Ковачки по тој повод рече дека партијата изготвила законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители, и очекуваат консензус по ова прашање.

„Завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме. Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС“, рече Ковачки.

Како што додаде, жално е што на одбележувањето немаше претставници од Министерството за одбрана кои на овој ден требаше да испратат делегација.

26.03.2023 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега