Ковачки: Шекеринска ја злоупотреби армијата, офицери во армиска униформа беа дел од спот на СДСМ

Во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“, полковникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки упати низа критики на адреса на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која според него ја злоупотребува армијата. Како пример тој го посочи изборниот спот на СДСМ во кој Шекеринска се појавува во друштво на армиски офицери што е казниво дело.

-Факт е дека за време на предизборието и за време на изборите СДСМ имаше спот во кој што имаше офицери кои што беа ставеји во армиска униформа и беа репрезентирани во спот на моменталната министерка за одбрана. Е тоа е забрането. Политичко пропагирање во униформа е забрането и тоа е казниво дело и тука казните се и до 2 илјади евра. Меѓутоа јас не знам сега, неа знам дали за тоа е покрената процедура, вели Ковачки.

Службата посочува тој е ставена исклучиво во партиска функција.

-Моето мислење е дека министерството за одбрана односно службата е ставена исклучиво во партиска функција, во функција на партијата на власт, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега