Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат. Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг. Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го порача на денешната прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополни дека ова е резултат кој ги прави горди.
Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата. Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот, додаде Ковачки.


