Ковачки: Еве уште еден доказ дека Пендаровски е недораснат за функцијата

Доколку имате време, погледнете го интервјуто на Претседателот Пендаровски за АЛСАТ и уверете се во тезата дека Македонија ја води несериозен и недораснат човек за таа функција, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од редивоте на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Во продолжение прочитајте го целата објава на пратеникот Ковачки

Доколку немате време за губење, еве накратко што кажа Пендаровски:

1. За корупцијата, СДС уште во 2016 година имале во програмата предвидено ветинг во Судството, ама од Европа им рекле немојте, погледајте што се случува во Албанија, останаа без

Уставни судии оти сите им се корумпирани.

*Дали со ова Пендаровски сака да каже дека некој од Европа поддржува корупција?

Зарем е поважно да имаме Уставен Суд или Судство полно со корумпирани судии отколку да немаме никакво?

Знае ли професорот по право дека селективната правда е неправда и дека ако еден човек кој не е виновен го прогласите за виновен дека е поголемо зло отколку да затворите 100 криминалци со докази?

2. Понатаму, Пендаровски искажа сомнеж за процесот на ветингот, односно кој ќе го правел ветингот и за првпат се согласи со опозицијата дека не може истите луѓе што довеле до оваа состојба да бидат тие што ќе го прават.
*Тука веројатно мислеше на ДУИ кои се 20 години на власт и на својата матична партија СДС која 6-та година е на власт.

3. За изборот на Абази како шеф на ЈО за гонење на корупција, зачуден е зошто нема приговори од останатите конкуренти за тоа место, а не може да сфати дека приговори нема поради истите причини поради кои обвинители од Кочани, Штип, Делчево, Берово гласале за дотичниот кој замислете не го ни познаваат. (!?)

*Без коментар.

4. За изборот на Претседателката на Судски совет – Дамева, се огради дека тој само ја предложил, а не ја избрал. Призна дека правел консултации со СДС и ДУИ за да му помине предлогот за Дамева, ама на крај биле виновни тие што гласале во парламент (повторно СДС и ДУИ).
*Без коментар.

5. За случајот Онишченко, Пендаровски потврди дека Службите за безбедност не функционираат, но се согласи дека не може само 2 службеници од АНБ да бидат одговорни.

Исто така, ексклузивно кажа дека во Агенција за разузнавање имале информации за Онишченко, ама никој не ги прашал.

*Тука веројатно мислеше на МВР која е законски надлежна за државјанството и требало да праша во АР, но и на Советот за координација на безбедносните служби што го води премиерот и каде се обединуваат сите структури. Совет за координација на службите не е свикан ниту еднаш во време на Ковачевски.

6. За тоа дали ќе го потпишел Указот за амбасадор во Париз на Директорот на АНБ, повторно се сокри позади Владата, односно кажа дека ако од Владата му дадат извештај дека директорот немал субјективна и објективна одговорност, ќе го потпишел Указот.

*Катастрофален и несериозен одговор од првиот човек во државата кој прв излезе со осуда на случајот, а сега ретерира. Каков политички мекотелец…

7. Пендаровски кажа дека е можно да трча за втор мандат за Претседател на државата.

* Мислам дека не треба да се коментира, бидејќи треба да почекаме да видиме дали Заев има такви амбиции. Секако и двајцата ќе загубат, но ете барем народот да ги види амбициите на тие што за жал ги избрал на избори.

**Секој ден се повеќе се потврдува дека Македонија со кадрите на ДУИ и СДС е оставена на ветрометина.

09.12.2022 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега