Ковачки до Шекеринска и Пендаровски: Постои одговорност, несериозно е да игнорирате прашања кои се од интерес на сите

Драган Ковачки прашува дали ќе продолжи ли молкот од Шекеринска и Пендаровски за скандалот што го предизвикале.

-Знам дека сега посакувате да не мора да давате образложение кој и каде потфрлил во процедурата (ако воопшто сте ја почитувале) и си велите – белки се подзаборави. Знам и дека сакате да не ни објаснувате нам, на “пониската класа” од вас, зошто и колку вашето неправо ја повредува и државата и алијансата. Ама така не оди. Во демократија има еден збор за јавните функционери што треба да е светост: Одговорност!
Г-ѓо Министер и Г-не Претседател, несериозно е да игнорирате прашања кои се од интерес на сите, а се однесуваат на вашата работа, односно на вашите скандалозни пропусти, стои во објавата на Ковачки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега