Ковачевски: Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите

„Во буџетот за наредната 2023 година обезбедивме пари, ќе има нов раст на пензиите и платите“, рече на трибината на СДСМ вечерва во Тетово, премиерот Димитар Ковачевски.
 
-Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите. Да, ќе растат пензиите и ќе расте и минималната плата.  Со новата методологија што заедно ја договоривме, новото зголемување е во март 2023 година. Пензиите ќе бидат зголемени за вкупно 16% за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери.  Пензионерите се почитувани, тоа се нашите родители, тоа се наши татковци и мајки, баби и дедовци, рече Ковачевски.
 
Премиерот потсети дека со економските политики за наредната година Владата става акценти и на капиталните инвестиции. 
 
- За капитални инвесиции наредната година ќе бидат исто така во нашиот фокус, за чија реализација се предвидени околу 800 милиони евра. Пари за нови проекти, за патишта, за водоводи, за нови градинки и училишта кои ќе се градат насекаде низ државата и секако и овде во Тетово, рече Ковачевски.
25.11.2022 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега