Ковачевски: Верувам дека процесот на проширување на ЕУ нема да биде засегнат од усогласувањето со новото геополитичко опкружување

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека и покрај одредени најави кои доаѓаат од претствници на земји членки на ЕУ или од самата Унија за формирање европска геополитичка заедница, верува оти процесотна проширување, чиј дел е и земјава, нема да биде засегнат од усогласувањето на Европската Унија со новото геополитичко опкружување во Европа и моменталните односи по војната во Украина.

 Во моментов тоа се размислувања и концепти кои се уште не се презентирани на Европскиот совет. Новата геополитичка ситуација во светот и во Европа особено со оглед на војната во Украина, секако дека налага ЕУ како најголема заедница на држави во Европа да го размислува својот понатамошен развој. Но, сепак, во ЕУ постои процесот на проширување во којшто процес ние сме дел и секако дека тој процес на проширување којшто е направен според новата методологија, на кластери на отворање на поглавја не треба и јас верувам дека нема да биде засегнат од нормално усогласувањето на ЕУ со новото геополитичко опкружување во Европа и односите коишто ги има во моментов Европа со војната во Украина, но, секако и односите по завршувањето на војната, рече премиерот Ковечевски

19.05.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега