Ковачевски стави црвено светло: Министрите повеќе нема да се гостат со лигњи и октопод

Во владиниот ресторан повеќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците. Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски откако владината Служба за општи и заеднички работи распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив да се платат 20 илјади евра. Ковачевски кажа дека неговата одлука е конечна.

„Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања“, кажа Ковачевски.

29.09.2022 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега