Ковачевски: Стартот на второто полугодие се одлага и тоа нема да влијае на крајот на учебната година – таа ќе заврши на 10 јуни

Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари, вели новиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој на социјалните мрежи напиша дека тоа нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни.

-Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови, вели Ковачевски.

17.01.2022 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа