Ковачевски: Сега ќе ви кажам како ќе функционираме – Ахмети додаде: Како до сега! (ВИДЕО)

По новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека новинарот цело време поставува прашања со ист тон и начин на поставување.

„Сега ќе ви одговорам, гледам дека вие цело време поставувате прашања во исти тон и начин на поставување и тоа е добро… Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…“, вели Ковачевски, на што лидерот на ДУИ, Али Ахмети додаде „Како до сега!“.

По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, по што присутните започнаа да се смеат!

19.06.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа