Ковачевски: РСМ во ЕУ во 2030 година
„Ние во моментов имаме 45% усогласено наше законодавство со европското и со отпочнувањето на преговорите многу сериозно пристапивме кон оваа тема, веќе имаме направено преговарачка структура која беше официјализирана од страна на Владата. Имаме назначено главен преговарач тоа е вицепремиерот за европски интеграции. Главен советник на преговарачкиот тим којшто е поранешен главен преговарач и постојан претставник на Република Хрватска што значи дека донесовме едно значајно искуство.
Премиерот потенцира дека Северна Македонија била држава која најбрзо се интегрира и во НАТО, тој додаде дека во земјава ќе бидат активирани сите прогресивни сили кои се за членство во ЕУ.
„Ние исто така бевме оптимисти при комплетното усогласување после влегувањето во НАТО и бевме држава која најбрзо ја направи интеграцијата во НАТО структурите од сите претходно кои влегувале во НАТО. Затоа сум реален оптимист дека до 2030 година можеме да станеме членка на ЕУ вклучително на тоа што планираме да ги активираме сите прогресивни сили во државата кои се за членство во ЕУ", рече претседателот на Владата за Гласот на Америка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа