Ковачевски: Отворивме над 1.700 нови работни места во изминатите месеци

Премиерот Димитар Ковачевски во преполната сала во Велес на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ кажа дека неговиот план за економски напредок покажал резултат.
„Докажав дека мојот план за економски напредок на земјата и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој, и отворат нови работни места, наредната година ќе биде подобра и тоа ќе го докажам“, кажа вечерва Ковачевски.
 
Ковачевски истакна дека само од неколку нови инвестиции кои се објавени изминативе неколку месеци се отвораат над 1.700 нови работни места.
 

 

„Во првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени  над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000. Само во минатиот месец, во октомври, во ТИР зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати во овие зони“, вели Ковачевски. 
28.11.2022 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа