Ковачевски: Отворивме 1.700 нови работни места само со неколку инвестиции во изминативе месеци

„Само со неколку нови инвестиции изминативе месеци се отворија нови 1.700 работни места. Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000“, рече премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Тетово.
 
-Само во минатиот месец, октомври, во ТИРЗ зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати.Само од неколку нови инвестиции кои ги објавивме изминативе неколку месеци се отвораат нови над 1.700 нови работни места.  Мојот економски план и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој и отворат нови работни места, порача Ковачевски.
 
„Не трошиме ниту еден денар од Буџетот за џабе. Не плаќаме економски промотори, нема роуд шоуа, нема реклами на Си Ен Ен. Има работа, труд, менаџмент и знаење. Има реални политики, системски решенија има функционални институции кои градат поволна бизнис клима која ја става македонската економија меѓу првите три најатрактивни економии за инвестирање“, рече Ковачевски.
25.11.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа