Ковачевски: Нема да коментирам додека СДСМ не ги распише изборите

Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори, изјавил за „Фокус“ заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина. Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се. Во овој период, сите од Владата целосно сме посветени на обезбедување стабилна, извесна и европска иднина на земјата.  Јас учествував во разговорите со Алтернатива токму со цел зголемување на мнозинството кое земјата ја носи напред“, кажа заменик-министерот Ковачевски.

20.11.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега