Ковачевски: Не знам, не сакам и нема ги делам луѓето на „наши“ и „ваши“

„Не знам, не сакам и нема да ги делам луѓето, граѓаните, министрите на ‘наши’ или ‘ваши’. Граѓаните се уморни и преку глава им е од поделби, препукувања и постојани надмудрувања. Доста им е од дневна политика и борба на партиски соопштенија. Планирам единствено да ги разликувам луѓето на способни и неспособни, на чесни и нечесни, на работливи и неработливи, на одговорни и неодговорни. За првите секогаш ќе има место и ќе имаат поддршка, за вторите во Владата и институциите нема и ќе нема место“ кажа мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски на денешната седница за избор на нова влада.

Тој додаде дека поделбите во опшстеството не се добри, но за тоа не се виновни граѓаните, туку политичарите и кажа дека промените затоа мора да почнат и да се креираат во политиката.

„Граѓаните се обединети во барањата за решавање на проблемите и предизвиците, во очекувањата за добри и видливи решенија. Затоа и ние политичарите мора да се обединиме, да разговараме и соработуваме за да одговориме на нивните барања. Ние ќе водиме политики на отвореност и стручност. Многу ќе слушаме, ќе бараме критика и сугестии, за да донесеме најдобри одлуки“ кажа Ковачевски.

15.01.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега