Ковачевски: Не постои опасност за асимилација и бугаризација, ги решаваме стратешките прашања

Македонскиот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5 кажа дека не постои никаква опасност за асимилација и бугаризација.

 
,,Историската комисија нема влијание од политичарите, што може да го потврдат и самите членови. Таа одлучува со консензус, што значи дека седум наши и сеудм бугарски историчари треба да се согласат и да одлучат врз база на факти и наука“ посочи Ковачевски додавајќи дека оваа Влада предводена од СДСМ решила клучни прашања.
 

 

,,Во минатиот период, оваа влада реши две крупни прашања, кои значат дооформување на стратешките цели. Првото беше признавањето на автоќефалноста на МПЦ и примање во канонско единство со другите православни цркви, а второто е почнувањето на преговорите со Европската Унија“ заклучи Ковачевски.
03.08.2022 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега