Ковачевски: На Скопје му се случува катастрофа поради ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес, оцени дека на Град Скопје му се случува катастрофа а причината за тоа е единствено неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
-Главниот град е нефункционален, на раб на колапс. Наместо нов градски превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси и тие што ги има не возат. Ваква катастрофа на главниот град му се случува само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните раце во медот, посочи Ковачевски.
 
 
Тој истакна дека доцна е ВМРО-ДПМНЕ да се извини и посочи дека проблемите што оваа партија ги прави во Скопје, како и обично, ќе треба да ги решава СДСМ.
 
 
-Го слушам Мицкоски вели немал намера да им се извини на граѓаните за хаосот во Скопје. Касно ти е Мицкоски веќе за извинување увидоа граѓаните, ја гледаат и вашата неспособност и катастрофата што ја создадовте. Проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги остава ние од СДСМ ќе треба да ги решаваме и ќе ги решаваме, и тоа заради граѓаните, не заради политика, порача Ковачевски.
 
 
Тој исто така рече дека само од неколку нови инвестиции кои се објавени изминативе неколку месеци се отвораат над 1.700 нови работни места.
 
 
– Во првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени  над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000. Само во минатиот месец, во октомври, во ТИР зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати во овие зони, порача Ковачевски.
 
 
Докажавме, додаде Ковачевски, дека може и донесовме нови инвестиции со нови и добро платени работни места во ек на криза, рече Ковачевски набројувајќи ги енергетските успеси на Владата предводена од СДСМ во само краток период од 10 месеци.
 
 
Порача дека ова е само почеток кој ја означува енергетската стабилност на државата преку инвестиција во обновливи извори кои не само што обезбедуваат стабилност на енергетскиот систем туку овозможуваат и зелена и чиста држава за сите граѓани.
28.11.2022 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега