Ковачевски: Левица со потпалувачка анти-ЕУ реторика го загрозува европскиот пат

„Политичкиот субјект Левица, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ запалива  реторика е посилен фактор на дестабилизација и на загрозување на европскиот пат. Опасноста е дотолку поголема затоа што оваа партија ги има земено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како заложници.  Мицкоски е слаб, без визија, без став, а ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки обезличена и затоа Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво“, рече вечерва на трибина во Тетово, премиерот Димитар Ковачевски. 
 
Ковачевски кажа дека овие политики биле опасни за Македонија.
 
„Овие потпалувачки политики се реална закана за земјата, за сегашните и идни генерации, закана да се попречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро но ќе си легнете гладни и сами навечер, непризнаени и осамени. Пироманските политики може да ја украдат иднината на земјата и ние тоа не смееме да го дозволиме. И нема да го дозволиме. Нема да дозволиме опасни политички пиромани да ја загрозат иднината на земјата која што толку многу ја сакаме.  Сите ние овде, сите ние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати тоа нема да го дозволиме. На нашето општество не му треба враќање назад, туку визија за европска и економски напредна држава“, рече Ковачевски.

 

25.11.2022 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа