Ковачевски: Ја спасивме економијата и обезбедивме и храна и струја

 
Енергетскиот систем е стабилен, имаме доволно ресурси за греењето, обезбедивме доволно храна, електрична енергија и енергенси за да ја поминеме најтешката зима во Европа во последните 70 години, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Кочани на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

-Ветив дека никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам. Преку одговорни и навремени политики успеавме да допревме до секое семејство и успеавме да ја спасиме економијата. Цената на електрична енергија за сите домаќинства во сиот овој изминат период ја субвенционираме со 80%. Да не е таа субвенција 600.000 домаќинства, секој од нас, сега ќе плаќаше пет пати поголеми сметки за струја, истакна Ковачевски.

Притоа претседателот Ковачевски дополни дека се обезбедени и топли училници во сите 500 училишта, преку фиксна и далеку пониска цена на струјата од онаа на берзата, а истото тоа е сторено и со здравствените установи.

23.11.2022 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа