Ковачевски ја пречека финската премиерка Сана Марин

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја пречека неговата финска колешка Сана Марин, која е во еднодневна работна посета на земјава.

Како што информира владината Прес-служба, согласно агендата Ковачевски и Марин ќе имаат тет-а-тет средба.

– Двајцата премиери потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, се вели во соопштението.

Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција.

 

20.06.2022 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега