Ковачевски: Хистеријата во Македонија ја предизвикуват луѓе што мислат дека се експерти

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Брисел порача дека „францускиот предлог“ не е прифатлив и им се заблагодари на европските лидери за вложениот труд.

Ковачевски смета дека хистеријата поврзана со надминување на спорот со Бугарија во Македонија ја создаваат луѓе кои мислат дека се експерти.

„Во Македонија се создаде голема хистерија. Јас сум изненаден од тоа што луѓе кои мислат дека се експерти и знаат како се одвиваат процеси на европска интеграција всушност прават хистерија во земјата“, кажа Ковачевски.

23.06.2022 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега