Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска беше во Брисел, по што имаше прес-конференција и кажа дека „Францускиот предлог“ за Македонија не е прифатлив.

„Предлогот во ваква форма, каква што е сега во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, коалиционите партнери и граѓаните на Македонија“, кажа Ковачевски.

Ковачевски кажа дека Македонија донела тешки одлуки, а сега е време ЕУ да ги оствари своите ветувања пред да даде нови.

23.06.2022 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега