Котлар: Заев да се извини што обвини дека крадеме историја

Историчарите во Македонија бараат извинување од премиерот Зоран Заев кој изјави дека Македонија краде историја.

Професорката Наташа Котлар, во изјава за Алфа, вели дека ова е директен удар врз македонската наука.

-Како Македонка барам јавно извинување од претставниците на извршната власт, да се извинат за она што е како формулација крадење на туѓа историја. Ние Македонците и македонскиот народ сме се вградиле во сите вертикали на историското постоење и акти и како тоа бараме и јавно извинување  и почитување на нашата историја, кажа таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега