Костовски: Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција

Ниту еден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Христијан Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се водела подолг период бидејќи се преземале дејствија кои имаат и меѓународни импликации.

„Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери. Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции. ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега“, рече Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега