Костовски: СДСМ не води во Европа - Мицкоски не враќа назад

 

Владата предводена од СДСМ преку одговорен, државнички пристап ги реализираше двете стратешки цели во надворешната политика - вели Мартин Костовски од СДСМ

По полноправното членство во НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција и почетокот на скриниг процесот Република Северна Македонија и официјално стана земја преговарач за членство во ЕУ,

Процесот на предговори го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик.

Тоа е потврдено од сите официјални институции на Унијата.

И додека СДСМ ги реализира стратешките цели грижејќи се за македонскиот идентитет и јазик, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси.

Исто како и при приемот во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ предводена од СДСМ сега прави се за да го попречи процесот на интеграција во ЕУ.

Иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајниќки обид да се попречи европската иднина на државата.

Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец.

Мицкоски веќе нема поддршка ниту во сопствената партија а единствен партнер во неговите деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како анти НАТО и анти ЕУ опција.

Мицкоски бара референдум за да се поништи Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно, пред високи бугарски претставници, го поддржа.

Тоа е доказ дека кај него нема грам чувство за државност, туку своите политики ги води според личните потреби и интереси.

Почитувани,

Иницијативата на Мицкоски ќе пропадне. СДСМ, европската коалиција што ја предводи, како и мнозинството граѓани, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ одново да ја загрози европската иднина, нема да дозволат само заради лични интереси на Мицкоски, македонското општество повторно да биде изолирано и поделено како што тоа беше во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

07.09.2022 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега