Костовски: СДСМ, бизнисмени, новинари - По наредба на Грујевски прислушуваните се ставаа во категории

Нелегалното прислушување во УБК, се вршело по одредена шема, односно таргетите биле лоцирани во неколку категории, или случаи, првите биле функционери од СДСМ, потоа втори биле политичари од албанскиот блок, трет случај биле припадници на бизнис заедницата, четврт новинарите, а петти случај лица кои биле прислушувани за оперативни потреби, пренесе Фокус.

Ова денеска на судење го кажа сведокот Звонко Костовски, пред чии очи се случило долгогодишното нелегалното прислушување.

-По усна наредба на Грујевски и на началничката Надица Николич, маркирачите добиваа ливче со бројот кој треба да се прислушува и псевдоним, и во кој случај да се стават. Исто така му кажуваа на маркирачот кои лица ќе имаат пристап до одредени телефонски броеви, истакна сведокот Костовски.

Пристап да слушаат имале повеќе лица или групи, а една од нив била група со назив „Важно”, во која биле Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ.

-Грујевски ми рече нема што ние да мислиме, тоа ќе го мисли правниот тим во МВР, рече Костовски, додавајќи дека системот што се планирало да се уништи бил во функционална состојба и дека бил прв меѓу системите за прислушување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега