Костовски: Мојот говор го извади Заев од такт, говорев за Делчев, името и кршењето на македонската чест
Мојот денешен говор го извади Заев од такт, тоест да бидам попрецизен вистината за Македонија го извади Заев од такт, тој во немоќ на оваа болна вистина ми реплицираше со голем бес и нервоза, истакна пратеникот Дарко Костовски.
„Директно и отворено говорев за сите неправди, за Делчев, за името, за кршење на македонската чест, за неискреноста према својот народ за срамното справување со Корона, за целата неспособност на СДСМ.
Не го чепкајте Гоце Делчев, не чепкајте во македонската совршеност. Македонија е единствена земја каде што не се почитува референдумска волја на народот.
Оваа криминална Влада на лицемерие веќе три години повторува дека од утре ќе биде подобро, од утре ќе се поправи образованието, здравството, од утре народот подобро ќе живее. Лаги, големи лаги.
Македонија е на колена, народот секој ден станува посиромашен, идентитетот ни влегува во голема криза, не чека фронтална борба за нови промени, ајде сите заедно да си ја вратиме честа“, напиша тој.
Говорот слушнете го во продолжение:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа