Костовски: Јас не сум гаталец, јас сум паталец - политички ќе се активирам

Јас реков дека нема да бидам само обичен гласач. На локални избори нема да учествувам, но од следните парламентарните избори не се откажувам, вели стопанственикот Трифун Костовски во Студио 10 на ТВ24.

„Дали политичка партија или некој фронт - се уште размислувам. Незадоволството во Македонија достигнува до крајни граници. Јас не патам од тоа да добијам функција, нема ниедно место во Македонија на кое некому му е загарантирано. Денеска немаме веќе доверба во политичките лидери. Мојата поддршка е обичниот човек. Има сила во земјава, ама таа треба да се вкалкулира. Јас не сум гаталец, јас сум паталец. Искуството и работата ме учеле да бидам тоа што сум, но ме учеле и да не ја наведнувам главата“, кажа Трифуновски.

20.09.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега