Костовски: Изборите ќе бидат редовни, на нив ќе победи СДСМ

Избори ќе има во 2024 година, на кои победник ќе биде СДСМ, а Димитар Ковачвски ќе биде премиер од 2024 до 2028 година, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, додавајќи дека ако се изгласаат уставните измени, може веднаш да се оди на предвремени избори.

Во врска со измените на изборното законодавство, Костовски истакна дека трката за гласови треба да има еднакви правила за сите, од најголемите до помалите политички партии.

СДСМ со гордост може да каже дека уште од 2016 година е промотор на една изборна единица како модел во изборните процеси во Република Северна Македонија и цело време остојуваме на таа тема, рече Костовски.

Пратеникот Костовски нагласи дека во наредниот период преку општ консензус и шиорка дебата сите политички чинители треба да се сложат да се оди кон она што значи интервенција на изборниот законик.

Сите изборни циклуси изминатите години, откако СДСМ е извршна власт, беа фер и демократки, што не беше пример во изминатиот период од 2006 до 2016 година, кога имаше сериозно нарушување и блокада на самиот избирачки циклус, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

16.03.2023 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега