Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, денеска од Делчево упати силна порака за единство и поддршка на локалните тимови, нагласувајќи дека Делчево е пример за успешно и домаќинско водење на општина и доказ дека со одговорен пристап може да се обезбеди стабилен локален развој.
Костова оствари кафе-средба со граѓани, поддржувачи и активисти на СДСМ, на која, како што рече, се чувствувала искрената поддршка и енергија на делчевчани кои препознаваат континуитет и резултати.

– Денеска сме овде во Делчево да дадеме силна поддршка за тимот кој ја води општината и покажува што значи вистинско домаќинско управување. Овде е создадена успешна приказна која мора да продолжи. Важно е Делчево да остане на страната на развојот, на транспарентноста, на стабилноста и на европските вредности, изјави Костова.

Таа ги повика граѓаните да не подлегнуваат, како што рече, на „притисоци и обиди за реваншизам од страна на опозициски структури“ и истакна дека делчевчани секогаш знаеле да го изберат патот што значи сигурност и напредок.

– Сите гледаме дека постојат обиди за создавање притисок, но тие нема да поминат. Делчево има горди, чесни и достоинствени луѓе кои знаат што направивме за нив, и знаат дека со оваа политика на чесно работење општината оди напред. На 19 октомври, Делчево ќе заокружи за 5 и ќе ја потврди таа определба, порача Костова.

Во разговорите со граѓаните, таа посочи дека приоритет на СДСМ на локално ниво остануваат инфраструктурните инвестиции, подобрувањето на животниот стандард и поттикнувањето на младите да останат и да создаваат во своите општини. 

Exit mobile version