Костадиновска-Стојчевска за исвиркувањето на македонскиот јазик: Провокации секогаш имало и ќе има

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Жешко политичко лето“ зборуваше за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на Рамковниот договор.

„Провокации секогаш има и ќе има, но тоа не значи дека треба да останеме неми на ваква појава, иако верувам дека тие провокации не биле од чинители на власта. Се надевам дека исвиркувањето е на сосема друг сегмент“, кажа министерката.

Исвиркувањето почна во момент кога водителката се обрати на македонски јазик пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје.

15.08.2022 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега