Костадинов за изразот„педер“ на Заев: Сите знаеме во народниот говор изразот на што алудира

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска не одговори прецизно дали ќе се огради  од вчерашната изјава на премиерот Заев  и споменувањето на изразот „педер“.

Тој објаснува дека суштината на изјавата била дека конечно правда во Македонија ќе има.

-Сите знаеме дека народниот речник, во народниот говор знаеме дека изразот на што алудира. Напротив ние како владејачка партија ако некоја партија навистина работела кон реализација и подобрување и овозможување на повеќе права, особено за ЛГБТИ заедницата, тоа е владата предводена од СДСМ. Знаеме што правеа претходните влади во однос на правата на ЛГБТИ заедницата, апсолутно не станува збор ниту за навреда, ниту за поттикнување со некаква цел против ЛГБТИ заедницата или против било која друга заедница – објасни Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега