Костадинов се прости од својот пријател: Струмица е тажна, почивај во мир

 

Костадин Костадинов од СДСМ се прости од својот пријател, младиот Дени Стојчев, поранешен одбојкарски репрезентативец на Македонија во помлади категории и поранешен играч на Џио Струмица.

- Мирна е оваа вечер во Струмица и многу тажна, патувај Дени, пријателе, мирно и спокојно кон вечноста ...Почивај во мир!, напиша Костадинов на својот Фејсбук.

Претходно се простија и од Одбојкарската Федерација.

 

 

 

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега