Костадинов: Реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните се одвива постојано и непречено

Реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните се одвива постојано и непречено, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, според официјални информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто.

„Во апсолутни бројки тоа значи 30 милиони евра повеќе назад во стопанството, во споредба со првите седум месеци од минатата година“, истакна Костадинов додавајќи дека и мерката за поврат на ДДВ кај граѓаните дава одлични резултати.

Според партискиот портпарил, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а повратот на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните изнесува над 80 милиони денари.

Тој ја спомена и распределбата на картичките за зелена нафта наведувајќи дека преку оваа мерка, 200 милиони денари или над 3 милиони евра ќе се вратат назад кај околу 55.000 земјоделци.

Костадинов се осврна и на неколку други економкси мерки на владата.

„Со социјалната реформа, социјалната помош расте и до 300 отсто, а опфатот на деца кои добиваат детски и образовена додаток расте до 20 пати. Со намалувањето на ДДВ за топлинска енергија, сметките за парно веќе од овој месец поевтинуваат во просек за 200 денари месечно, што е годишна семејна заштеда од над 2.000 денари“, нагласи тој додавајќи дека концептот „парите кај граѓаните“ е системски и дава реални резултати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега