Костадинов: Оние кои сакат децата крв да ви плукаат – фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат

Оние кои сакат децата крв да ви плукаат, денес фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат дека сум купил вила, објави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Твитер, реагирајќи на објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук –  „Децата крв ќе ви плукаат”.

– Тонете фејкери, напиша Костадинов на Твитер.


 

Претходно денеска и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција ја осуди објавата на Апасиев, оценувајќи како скандалозна, екстремна и заканувачка.

– Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот Фејсбук профил кој подоцна го избриша. „Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упаќаат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза, наведе Кузеска.


 

Нагласувајќи дека „говорот на омраза е неприфатлив“, Кузеска додаде дека тој е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа сее само заради партиски и лични интереси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега