Костадинов: Нека се соберат ВМРО-ДПМНЕ во белата палата и нека изградат став, дали короната постои или не

Пратеникот на СДСМ и портпарол на партијата, Костадин Костадинов, од собраниската говорница ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, како партија да изградат став, како што вели Костадинов, „дали короната постои или не“.

„Се противат со сите мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните. Нивни истакнати поддржувачи велат дека не постои короната. Во услови на сериозно зголемување на бројките на новозаболени, ВМРО-ДПМНЕ организира протести. Такво неодговорно однесување со сигурност нема да дозволиме“ напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега