Костадинов: Мицкоски нуди само обнова на режим

Колку што се срамни и антидржавни изјавите на Мицкоски толку е голем шамарот од Макрон токму за Мицкоски. Ова денеска го вели Костадин Костадинов од СДСМ.

- Во интревју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори“ со Македонија. Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка.
 Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ. Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта, вел итој.

Додава дека тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.

- Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивнот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат, вели Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега