Костадинов: Јавно е позната вмешаноста на Мицкоски во бизнисите со хидроцентрали на штета на граѓаните

„Како што е познато во јавноста, многу е голема веројатноста дека  Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали на грбот на граѓаните. Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани што имат загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме сите ние граѓаните“, рече на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.

„Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани. За четири години, за годините 2016, 2017, 2018 и 2019 хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари. На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година“, рече Костадинов.

„Христијан Мицкоски останува запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, но останува запаметен и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која носеше погубни енергетски политики преку кои цената на струјата се зголеми за 100 отсто, беше укината евтината дневна тарифа, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

Лицемерна и лажна е загриженоста на Мицкоски за цената на струјата. Тој, освен за богатење на грбот на народот и за одбрана на криминалот, не се грижи за ништо друго.

Проѕирни се неговите лаги и манипулациите, граѓаните одамна не му веруваат. Затоа е во опозиција и затоа уште долго останува таму“, истакна Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега