Костадинов: Јас сум чист и пред себе и пред граѓаните

Портпаролот на СДСМ и пратеник Костaдин Костадинов реагираше на објавата на порталот „Лидер.“ дека тој е во правна поврзаност со Боки 13, кој заедно со Катица Јанева и Зоки Кичеец и е дел од обвинителско-медиумската група која изнудувала рекет од бизнисмени.

„Денес, во моменти кога како држава покажуваме и докажуваме дека никој не може ниту смее да си дозволи да биде над Уставот, законите и институциите, машинеријата на лажни вести на ВМРО изгледа е пуштена на најјако.

Господа, можете да го споменувате моето име во најразлични контексти и сценарија, и тоа е ваше право.

Јас сум чист и пред себе и пред граѓаните. 
Криминалците од ВМРО ДПМНЕ и нивните курири кои шират лажни вести ги болат пет работи:

1. Правдата која вие ја уништивте конечно се враќа. 
Има институции и систем кој се бори против криминал и корупција.

2. Одговорност очигледно за секој ќе има што го прекршил законот. Нема да ви успее да го одбраните криминалот на Груевски!

3. Вашите деструкции и блокади не поминуваат, земјава ќе успее.

4. Хидро Мицко има уплав што го разобличувам на секоја прес конференција.

5. Се знае дека вистинскиот претседател на ВМРО ДПМНЕ е Никола Груевски.

Да ставиме крај на корупцијата и криминалот. 
Ве уверувам дека ние, СДСМ во следните денови ќе ви ги дадеме вистинските одговори.

Во интерес на случајот да ги оставиме органите да работат и да не шириме шпекулации.

П.С. Тоа што пред 3 години заедно со други видни личности, меѓу кои, нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски и тогашниот британски амбасадор господинот Чарлс Гарет, сум учествувал, како почесен член, во хуманитарни активности, очигледно немате капацитет да го разберете бидејќи вие секогаш сте гледале само на вашите лични интереси наместо како да им помогнете на нашите сограѓани.“, напиша Костадинов на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега