Косовски државјани краделе брендирана облека од трговски центар во Скопје

 

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“.

„На 11.10.2019 година околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани  производи, здобивајќи се со противправна имотна корист.“ велат од СВР Скопје.

Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега