Косовската полиција влегла на територијата на општина Рашка - избегнат конфликт со српската патрола

Косовската полиција илегално влегла на територијата на централна Србија минатиот четврток, со што го прекршила Договорот за движење во зоната на административните линии.

Овој инцидент се случил на територијата на општина Рашка, а во таа прилика косовските полицајци заплениле камион со суботички регистерски таблички и го однеле на царинскиот терминал во Косовска Митровица.

Косовските полицајци ја повредиле административната линија и влегле во територијата на централна Србија, најмалку 200 метри. Тоа го утврдила и истрагата на Кфор, а за влакно бил избегнат конфликт со српската војска која сенаоѓала во тој реон.

Сопственикот на возилото. С.Д. од Лепосавиќ кажал дека во средата, 7 дена откако му исчезнал камионот, го повикале во станицата на Регионалната гранична полиција во Косовска Митровица каде му е издадена потврда за „привремено одземање на предмет“.

Во неа се наведува дека регионалниот истражувач на граничната полиција за север, во Митровица, Ќамил Бајрамовиќ привремено конфискувал камион од марката „мерцедес“ во кој имало млечни производи. Кога косовската полиција дошла до нив, тој бил кај возилото, а бидејќи во еден од камионите оставил клуч, тој бил одвезен.

Тпј исто така, подоцна дознал дека Војската на Србија во еден момент таа ноќ упатила патрола на косовската погранична полиција.

Портпаролот на Кфор, Винченцо Грасо рекол за порталот КоССев дека според нивните информации, еден камион бил на самата административна погранична линија, меѓу бариерите кои ги „одвојовуваат Косово од една и Србија од друга страна“. Со портпаролот на Кфор контактирала и пограничната полиција, но не била вклучена во случувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега